Поврзете се со нас

Македонија

Пролет го доби скопското дерби, Вардар пресилен за Струга

Објавено

на

Ракометарите на Тинекс Пролет славеа во скопското дерби против Бутел (22:21) во последниот натпревар на денешната програма од плејофот на македонскиот ракометен шампионат.

Овој минимален триумф значи моментално трето место за Тинекс Пролет, веднаш зад Вардар и Еурофарм Пелистер.

Првото полувреме заврши со резултат 10:10, за домаќините да бидат поуспешни за еден во втората делница, што беше доволно за важна победа во дуелот со Бутел.

Покрај 11 одбрани на Ангелов, кај Тинекс Пролет се истакна Пецаковски со 6 голови, додека во редовите на Бутел, Мајиќ го заврши натпреварот исто така со 6 погодоци.

Претходно, вториот тим на Еурофарм Пелистер освои бод против Охрид (26:26), додека Вардар рутински ја совлада Струга со 36:22 и го задржува перфектниот учинок и првото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни