Поврзете се со нас

Европски првенства

Проклетството да се биде домаќин на ЕП: Традицијата не оди во прилог на Германците

Објавено

на

Foto: Philipp Reinhard/DFB

Честа да се биде организатор на еден голем турнир е навистина голема, а овојпат таа привилегија ќе ја имаат Германците кои традиционално се покажуваат како добри домаќини.

Светското првенство кое се играше во оваа земја во 2006-та година беше на највисоко можно ниво, па во ситуација кога очекувањата за претстојното Европско првенство се уште поголеми, вреди да се направи една хронолошка анализа за тоа како минуваат домаќините на најважниот собир на стариот континент.

Германија утре како домаќин ќе го отвори 17-то Европско првенство, а пред натпреварот кој ќе го одигра против Шкотска, историјата и традицијата велат дека предноста од домашен терен сепак не носи позитивен резултат за организаторот.

Од сите 16 одиграни Европски првенства досега, само во три наврати победила домашната селекција, а последен пат тоа го направила Франција во далечната 1984-та година. Тоа значи дека Германија ќе треба да урне еден мит кој трае точно 40 години, а воедно ќе брка да стане само четвртата селекција која го одбранила домашниот терен.

Покрај Франција во 1984-та година, шампиони како домаќини биле и Шпанија во 1964-та и Италија во 1968-ма година, додека на сите 13 други турнири, домаќинот „паѓал“ на патот до финалето, или во финалето.

Најсвежи примери ни се оние последните, бидејќи Англија како ко-домаќин загуби во финалето на „Вембли“ од Италија пред три години, а лошо помина и Франција на домашен терен во финалето со Португалија во 2016-та година. Од поблиско минато, во сеќавање е и финалето кое се играше во Португалија, каде истоимената селекција како домаќин загуби од Грција во финалето во 2004-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни