Производ на академијата на Партизан ја засили одбраната на Победа

stefan-grbovic1

Прилепска Победа ја продолжи серијата со квалитетни засилувања во зимскиот преоден рок, а десетти фудбалер кој ќе му се стави на располагање на тренерот Бубања е Стефан Грбовиќ.

Се работи за 23-годишен одбранбен играч кој е производ на младинската академија на Партизан, а последно настапувал за филијалата на „црно-белите“, екипата на Телеоптик. Грбовиќ овој преоден рок преговараше и со Сараево, но на крајот се реши да настапува во македонскиот шампионат.

Тој од 10-годишна возраст е член на Партизан, каде ги минал сите селекции на црно-белите а има повеќе настапи за младите селекции на Србија. Со неговиот ангажман се очекува тренерот Бубања да добие квалитет повеќе на десната дефанзивна странична линија и на цврстина и сигурност во одбранбената формација на Победа. Грбовиќ утре ќе го има свфојот прв тренинг со соиграчите-од 11 часот на теренот на Могила.

Facebook Коментари