Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Прогноза на ЕХФ: Веспрем ќе го среди Вардар

Објавено

на

Од утре започнуваат осминафиналните пресметки во Лигата на шампионите, а пред тие возбудувања Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави Топ 10 листа на најголеми фаворити за трофејот.

На оваа листа нема место за Вардар, односно ЕХФ смета дека „црвено-црните“ немаат шанса во битката со Веспрем, тим за кој настапува репрезентативецот Дејан Манасков и уште неколку поранешни играчи на клубот од Скопје.

-Само Барса беше надвор од дофатот за унгарскиот тим кој ја заврши групата Б на второто место, далеку пред шампионот за 2020 година, Кил. Веспрем неодамна го совлада домашниот ривал Сегед и тие ќе бидат јасни фаворити против Вардар иако треба да бидат претпазливи за силата на своите противници во тешки ситуации, -велат од ЕХФ за Веспрем кој е сместен на второто место зад Барселона.

ЕХФ ранкинг:

1.Барселона
2.Веспрем
3.Пари Сен Жермен
4.Фленсбург
5.Кил
6.Мотор
7.Кјелце
8.Мешков Брест
9.Алборг
10.Порто

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни