Поврзете се со нас

Италија

„Проектилот“ на Фаџоли го најави триумфот на Јувентус (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус си ја заврши превдидената работа против отпишаниот Кремонезе и успеа да оствари победа од 2:0, која за жал беше одбележана од нова повреда на Пол Погба.

Французинот го расипа впечатокот во првото полувреме кое беше прескромно и од фудбалска гледа точка, бидејќи без контакт од никого се пожали на повреда и со солзи во очите го напушти теренот.

Ова влијаеше негативно врз сите настани во воведните 45 минути, но домаќините успеаја да се приберат во второто и да го скршат отпорот на комплетниот аутсајдер.

Фаџоли постигна мајсторски гол откако испрати „бомба“ во мрежата на Кремонезе и го отвори резултатот по додавањето на Киеза, но до крајот, Јуве успеа да и да ја завери победата со втор гол.

Првиот беше поништен поради офсајд, но оној на Бремер беше регуларен и со истиот беа поставени конечните 2:0. Јувентус со оваа победа е на второто место на табелата, но останува во неизвесност бидејќи ќе треба да ја чека одлуката на Судот околу одземањето на бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни