Поврзете се со нас

Англија

„Проектилот“ на Енсисо ја прекина победничката серија на Манчестер Сити (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManCity

Брајтон и Манчестер Сити одиграа 1:1 во натпревар кој немаше поголемо натпреварувачко значење за двете екипи, но донесе интересен дуел меѓу избраниците на Роберто Де Ѕерби и Пеп Гвардиола во Премиер лигата.

Првото полувреме ги оправда очекувањата во дуелот на две екипи со офанзивен стил на игра, а второто со поспора игра од двете страни беше доволно само за потврда на резултатот 1:1.

Актуелниот шампион поведе со голот на Фоуден во 25. минута, во ситуација во која Халанд несебично го проигра англискиот репрезентативец, додека Брајтон израмни со „проектилот“ на Енсисо, испратен во мрежата на Ортега шест минути подоцна.

ВАР реакциите донесоа поништување на три гола, од кои и еден на Халанд во вториот дел, па двете екипи не успеаја да стигнат до втор гол за евентуална победа на ова интересно соочување.

Брајтон со 62 бода останува на шестото место, кое не може да го прокоцка до крајот на сезоната, додека Сити веќе ја потврди титулата, а ова е само крај на серијата победи во шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни