Лига на шампиони
„Проектилот“ на Адејеми го проби Шмајхел и ги стресе сите присутни на „Сигнал Идуна парк“ (Видео)
КАрим Адејеми е најзаслужен за водството кое го има Борусија Дортмунд против Селтик по 45 минути игра, бидејќи брзоногото крило беше автор на три од петте постигнати гола на домаќините.
Германскиот бундеслигаш има голем императив за победа секогаш кога игра на домашен терен, а фановите на „Сигнал Идуна парк“ повторно сведочеа на една фудбалска мајсторија во првиот дел.
Голот за 3:1 беше вистинско ремек-дело од страна на Адејеми, кој испрати неодбранлив „проектил“ во мрежата на Шкотланѓаните.
Карим прифати една топка откосо и во прв момент воопшто не изгледаше дека ќе шутира, па затоа со своето „торпедо“ ги изненади сите пристутни на трибините.
Силниот удар буквално го „проби“ голманот Каспер Шмајхел, а воедно предизвика е ерупција од радост на трибините. Претходно, Адејеми го постигна голот за 2:1, а потоа стрелаше и за 5:1 по 45 минути игра во Дортмунд.
Видеото погледнете го ТУКА
-
Италијапред 18 часа
Фабрегас му симна капа на еден играч на Наполи: „Мама миа“, каков фудбалер!
-
Англијапред 20 часа
Ридигер: Само двајца стопери можат да го чуваат Халанд во Премиер лигата
-
Италијапред 21 час
МекТоминеј постигна гол после 25 секунди, Конте почна да ужива во Неапол (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Погба со едноставна објава означи победа во „допинг војната“ (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Пацерски автогол за фудбалските анали: Голманот на Лидс направи невидена глупост во 97. минута (Видео)
-
Италијапред 7 часа
Конте изненаден од својот Наполи: Да ми кажуваше некој пред три месеци…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти детектирал два проблеми со своите играчи од Реал: Свесни сме што треба да направиме
-
Францијапред 21 час
Евра: 99 проценти е сигурно дека Погба нема да го облече дресот на Јуве, јас веќе му се јавив на Бенатија