Поврзете се со нас

Светски првенства

„Проектили“ од трибините го прекинаа мечот во Тирана, Левандовски не можеше да поверува (Видео)

Објавено

на

Во директна пресметка за второто место во групата И од квалификациите за Светското првенство, Полска успеа да оствари огромна победа во Тирана, по што дојде на чекор до обезбедување бараж за мундијалот во Катар наредната година.

Полјаците сигурно уште долго ќе го паметат жешкото гостување на стадионот „Ер Албанија“, бидејќи домашните фанови ги нападнаа со „проектили“ од трибините веднаш по постигнатиот гол.

Голот на Свидерски во 77-та минута се покажа како клучен за победа на гостите, но по истиот, следеше прекин на натпреварот поради тоа што фудбалерите на Полска решија да се повлечат во подтрибинскиот простор.

Причина за тоа беше недоличното и дивјачко однесување на домашните навивачи, кои испратија канонада од пластични шишиња кон гостинските фудбалери по постигнатиот гол.

Добар дел од полските фудбалери се криеја и ги избегнуваа шишињата кои беа испратени во огромен број, а Левандовски не можеше да поверува што гледа, пред да реши да ги води своите соиграчи кон соблекувалните. По кратката пауза, натпреварот продолжи, а до крајот немаше промена на резултатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни