Проектил за победа: Голот на Кузмановски со кој донесе победа за Магдебург (Видео)

Kuzmanovski-Magdeburg

Филип Кузмановски на најдобар можен начин дебитираше во својот нов клуб Магдебург, откако му донесе победа на бундеслигашот, на пријателскиот натпревар одигран денеска против Лајпциг.

Македонскиот ракометен репрезентативец доби можност да го реши победникот по тајм-аутот кој неговиот тренер го повика на девет секунди до крајот (се играле 40 минути), а за планот доби дообјаснување и од својот соиграч Жељко Муса. Кузмановски ја искористи шансата и со неодбранлив удар го совлада противничкиот голман за конечни 14:13.

Facebook Коментари