Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер во борбен натпревар претрпе тесен пораз од Пари Сен Жермен од 31-29 во премиерата од новата сезона во Лигата на шампионите.

Битолчани одиграа цврсто, покажаа карактер и кога беа во голема негатива, се вратија во игра што секако треба да биде основа, дополнителна мотивација за останатите мечеви кои престојат во елитното натпреварување.

Најдобар играч кај Пелистер беше Филип Кузмановски со осум постигнати гола, а еден од нив се најде и во фокусот на ЕХФ.

Се работи за погодок од самата завршница на натпреварот во која Филип испрати вистински „проектил“ во мрежата на искусниот Паличка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни