Продолжува војната меѓу Јунајтед и Севилја околу цената на картите

old-traford-32898932

Осминафиналниот дуел во Лигата на шампиони меѓу Манчестер јунајтед и Севилја предизвика мала војна на двата клуба со цените на билетите за гостинските навивачи.

Сè почна откако шпанскиот тим реши да им наплати на гостинските навивачи по 100 евра за карта, што предизвика незадоволство кај навивачите на англискиот клуб, кој проба да ја убеди Севилја да ја спушти цената.

Севилја одби да попушти, па сега Јунајтед донесе одлука да им ја наплата истата сума на навивачите на Севилја за дуелот на „Олд Трафорд“. Картите за гостинските навивачи во ЛШ на „Олд Трафорд“ вообичаено чинат 60 евра, па разликата од 40 евра, Јунајтед ќе им ја даде на своите навивачи кои ќе патуваат на натпреварот во Шпанија.

Така, 2.450-те карти што Севилја ги има резервирано за навивачите на Јунајтед во пракса ќе чинат 60 евра.

Facebook Коментари