Поврзете се со нас

Шпанија

Продолжува слободниот пад на кариерата на Кутињо: Се појави заинтересиран тим кој е далеку од врвот

Објавено

на

Никој не ни помислуваше дека бразилскиот ас, Фелипе Кутињо ќе доживее вртоглав пад на кариерата по трансферот вреден 160 милиони евра во редовите на Барселона.

Кутињо кој блескаше во дресот на Ливерпул на „Камп Ноу“ пристигна како замена за Нејмар кој претходно се пресели во ПСЖ, но воопшто не ја оправда довербата.

Офанзивецот прво беше пратен на заем во Баерн Минхен, а потоа и вратен во Барселона каде сезонава што измина не добиваше многу голема минутажа, а и тогаш кога ќе добиеше не знаеше да ја искористи.

Сезонава следеше и уште еден голем пех за Кутињо откако доживеа тешка повреда која го оддалечи од терените долг период.

Сега, како што пишуваат медиумите во Шпанија, Барселона добила понуда за Кутињо од клуб кој е далеку од врвот во светскиот фудбал. „Марка“ пренесува дека тимот на Марсеј бил заинтересиран да го ангажира Кутињо, меѓутоа Барселона тешко дека ќе ја прифати понудата која ја нуди францускиот клуб.

Марсеј за Кутињо нуди „само“ 30 милиони евра, а Барселона за услугите на играчот за кого се интересира и Арсенал бара најмалку 50 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни