Евролига
Продолжува серијата на „манекените“: Димитријевиќ и Милано ја суредија Барселона во „Палау Блауграна“
Олимпија Милано ја продолжи извонредната серија на резултати во Евролигата каде оваа вечер дојде до шестото славје во низа и тоа во „Палау Блауграна“ кај Барселона.
„Манекените“ триумфираа со 94:81 и тоа во средба во која клучна беше третата четвртина која гостите од Италија ја добија со 36:17, се стекнаа со двоцифрена предност која потоа без проблеми ја одбранија за деветто славје во 15. натпревар во ова натпреварување.
Ледеј беше во фантастичен ритам и уфрли 33 поени, Митровиќ го следеше со 19 кошеви и 7 скока. Нашиот Ненад Димитријевиќ беше активен 12 минути за кои реализираше 5 поени со 1 асистенција.
Пантер и Андерсон кај поразените искоомбинираа 38 кошеви.
На другите средби Црвена Звезда славеше над Олимпијакос со 87:73, додека Анадолу Ефес го уништи актуелниот шампион Панатинаикос со 93:67.
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП15 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)