Шпанија
Продолжува проклетството на „Колисеум“: Барселона повторно се „сопна“ во Ла Лига (Видео)

Проклетството наречено „Колисеум Алфонсо Перез“ продолжува за Барселона и шеста година по ред, бидејќи каталонскиот гигант не успеа да го победи Хетафе ниту вечерва во еден тесен и тензичен дуел, кој на крајот донесе и голема нервоза на теренот и на клупата за резерви.
Последните три натпревари меѓу Хетафе и Барселона во Мадрид завршија со најнепопуларните 0:0, а Барселона го почна вечерашниот дуел со статистика која вели дека последната победа на овој терен ја забележа во 2019-та година.
По девет минути игра, се доби впечаток дека разиграниот тим на Ханси Флик ќе успее да ја прекина оваа црна серија против Хетафе, но преостанатиот дел од натпреварот сепак се сведе во услови кои му одговараа на домаќинот, особено откако успеа да постигне израмнувачки гол.
Арамбари израмни на 1:1 со првиот директен шут во рамките на голот на Пења, па уште во тој момент беше јасно дека тимот на Ханси Флик го чека тешка задача против добро организираниот тим на Пепе Бордалас.
Хетафе се предодреди да го брани резултатот 1:1 и во вториот дел имаше поставено два одбранбени редови со сите 11 играчи, па Барселона тешко пронаоѓаше празен простор, а дури и кога го правеше тоа, реализаторите не беа на висина на задачата.
Френки Де Јонг и Рафиња беа најблиску до победнички гол, но и двајцата не успеаја во своите намери и така Барселона одново се „сопна“ во обидот да се бори за титулата во Ла Лига.
Двата голови погледнете ги ТУКА
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија18 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА21 час
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП15 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)