Поврзете се со нас

Македонија

Продолжува позитивната шок-терапија за Работнички: Максимов му пресуди на Тиквеш

Објавено

на

Неделната програма во Првата македонска лига беше отворена со дуел во Скопје, а во врнежливите услови во главниот град, подобро се снајде домаќинот Работнички.

По тренерската смена, „романтичарите“ врзаа две победи во низа и сега се многу поблиску до сигурната зона на табелата, што пак не е случај за денешниот ривал кој го имаа на „Тодор Проески“.

Тиквеш подобро го отвори натпреварот, но неколкуте промашувања на кавадарчани беа жестоко казнети од домаќинот, или поточно од Максимов кој постигна извонреден гол откосо.

Младиот фудбалер на Работнички испрати неодбранлива бомба која мина до првата статива, а голманот на Тиквеш не можеше да направи ништо повеќе во дадената ситуација.

Овој гол беше постигнат во 29-та минута, но беше и клучен за нова важна победа на Работнички, тим кој позитивно одговори на шок терапијата со тренерската смена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни