Свет
Продолжува падот на играчот за кој Клоп плати 60 милиони евра: Заврши во Ференцварош (Фото)
Јирген Клоп често знаеше да пазари од Бундеслигата во својата незаборавна етапа како менаџер на Ливерпул, па иако имаше неколку погодоци, мора да се признае дека имаше и фудбалери кои го изневерија искусниот стручњак.
Еден од нив дефинитивно е Наби Кеита, играчот за врска за кој беа платени 60 милиони евра, а кој во ниту еден момент не ги оправда вложените средства на великанот од „Енфилд Роуд“.
Честите повреди направија Кеита да не добие нов договор и да биде ослободен од Клоп на почетокот на минатата сезона, па иако се веруваше дека Вердер Бремен ќе биде одлично место за враќање во ритам, Наби одигра само пет меча за германскиот клуб.
Поради одбивање да игра при крајот на минатата сезона, Кеита беше суспендиран и исклучен од првиот тим од месец април, а дури денеска му заврши голготата и направи трансфер во друг клуб.
Вердер го испрати Наби на едногодишна позајмица во Ференцварош, па така некогашниот голем фудбалски потенцијал, сега ќе бара нова фудбалска шанса на 29-годишна возраст во Унгарија.
📣 ANNOUNCEMENT!
The CL winner former Liverpool player Naby Keita has signed with Ferencváros! ✍️💚 pic.twitter.com/nd6w1Fa03q— Ferencvárosi TC (@Fradi_HU) December 10, 2024
-
Светски првенства18 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија17 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП16 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Репрезентација6 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП10 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија14 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Светски првенства14 часа
Ване за потегот на Перез Де Варгас: Доказ дека ракометот се уште е џентлменски спорт