Продолжува одличната серија на Кузмановски и компанија: Кил на колена пред Магдебург

kuzmanovski

Ракометарите на Магдебург ја продолжија одличната серија и славеа над Кил со 32-31 (18-19) во денешното дерби во првата лига на Германија.

Во овој интересен меч одлучуваа нијанси кој беа на страна на домаќините кои со ова дојдоа до четири од четири, поточно максимални 8 бода на стартот на новата сезона во Бундеслигата. Дамград со шест гола ја предодеше листата на стрелци кај победникот во која не се запиша македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, додека на спротивната страна залудна беше извонредната партија на крилото Екберг со 11 голови од 11 обиди.

Наредната средба за Филип и другарите е на гостински терен против Мелсунген.

Facebook Коментари