Поврзете се со нас

Италија

Продолжува неверојатната серија на Удинезе: Несторовски и компанија со пресврт до победа во Верона (ВИДЕО)

Објавено

на

Удинезе на нашиот Илија Несторовски продолжува да бележи фантастични резултати во Серија А, а последниот дојде вечерва на „Марк Антонио Бентегоди“ каде беше совладана Верона со 2-1.

Ова за составот од Удине беше шести триумф во низа во Калчото со тоа што до истиот дојде со пресврт во второто полувреме. Првиот дел мина во знакот на домаќините со погодокот на Доиг за да по паузата гостите бидат во елемент и во 70 минута Бето израмни на 1-1.

Несторовски влезе во игра во 81 минута и донесе свежина, па во 93 Бијол се најде на вистинското место за три големи бода.

Иле и компанија со 19 бода се на 3 место на табелата, во следното коло ја дочекуваат Аталанта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни