Продолжува негативната серија: Задар му одржа лекција на МЗТ Скопје

mavra odbrana

Нов натпревар и нов пораз за МЗТ Скопје кога е во прашање АБА лигата со тоа што вечерва избраниците на Жељко Лукајиќ беа преслушани од Задар со 106-80.

Нашиот претставник и пред средбата важеше за голем аутсајдер, а тој статус беше потврден на теренот на кој домаќините беа импресивни пред се во првиот (32-14) и последниот период (25-18). Во втората и третата четвртина металците покажаа дел од својот квалитет, но за да се дојде до позитивен резултат против вака расположен противник потребна е константна игра низ сите 40 минути.

Задар го предводеше Бостик со фантастични 38 поени и 4 асистенции. Кај МЗТ младиот Минчев даде 17 поени,  а по 16 Мавра и Лалиќ. Во следното коло на 5 јануари „штрковите“ од Аеродром се домаќини на Игокеа.

Facebook Коментари