Продолжува негативната серија: Цедевита пресилна за МЗТ Скопје

trajkovski vs cedevita

Македонскиот шампион МЗТ Скопје го претрпе осмиот пораз во десеттиот сезонски меч во АБА лигата. Овој пат „металците“ загубија на гостувањето во Загреб кај Цедевита со 77-65.

Домаќините беа огромни фаворити на хартија, а тој статус го потврдија на теренот каде ритунски дојдоа до нов успех. Нашиот претставник имаше два одлични и два лоши периоди, но тие лоши 20 минути (24-8, 15-10) беа пресудни одново да забележат лош резултат.

Павличевиќ со 18 и Спасојевиќ со 16 кошеви беа најефикански кај МЗТ, додека Муса со 18 поени ја предводеше листата на стрелци кај Цедевита.  Нова шанса за успех четата на Тодоров ќе има на 10 декмври на домашен терен против Морнар.

Facebook Коментари