Поврзете се со нас

Шпанија

Продолжува малерозниот период: Анчелоти нема да може да смета на уште еден стартер до крајот на годината (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти навистина нема среќа со повредите од стартот на сезоната и Реал Мадрид веќе го менуваше шефот на медицинскиот тим, но тука не застанаа проблемите за Италијанецот и неговиот стручен штаб.

Реал Мадрид изминатиов викенд оствари рутинска победа над Гранада со резутлат 2:0, па иако Дон Карло успева максимално добро да се справи со специфичната ситуација, од ден во ден околностите стануваат се потешки.

Последен на листата повредени фудбалери е стандардниот десен бек Дани Карвахал, на кого му била утвредена мускулна повреда од втор степен во пределот на листот.

Реал Мадрид во официјалното соопштение не откри колку точно ќе паузира дефанзивецот, но пракста вели дека за него 2023-та година е завршена.

Угледните „Марка“ и „АС“ информираат дека Карвахал со сигурност ќе пропушти шест натпревари (Бетис, Унион Берлин, Вилјареал, Алавес, Мајорка и еден меч во Купот), а планот е да биде оспособен за шпанскиот Суперкуп кој ќе се игра на 10-ти јануари.

Карвахал во моментов е осмиот фудбалер кој се запиша во здравствениот билтен на Реал кој е навистина полн, а од кој дел се и Куртоа, Милитао, Камавинга, Чуамени, Винисиус, Модриќ и Арда Ѓулер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни