Англија
Продолжува кошмарот за Пеп: Сигурен стартер на Сити го напушти теренот со солзи во очите (Фото)
Манчестер Сити доби двоен удар во осминафиналето на Лига Купот, бидејќи англискиот шампион од една страна претрпе пораз и елиминацијата од Тотенхем, но најверојатно остана и без еден од најдобрите играчи од стартот на сезоната.
Проблемите со повредени фудбалери му носат се поголеми главоболки на Пеп Гвардиола, а од синоќа Шпанецот ќе мора да се моли и за најдоброто летно засилување.
Савињо се повреди во второто полувреме од мечот во Северен Лондон, но веднаш стана јасно дека станува збор за посериозна повреда на зглобот, поради која Бразилецот го напушти теренот на носилки и со солзи во очите.
Овие сцени не се воопшто добра најава за медицинските тестови кои следат, а стравувањата се дека десното крило може да паузира неколку месеци.
Покрај Савињо, Гвардиола поради повреди не може да смета и на Вокер, Аканџи, Родри, Де Брујне, Оскар Боб, Доку и Грилиш.
Savinho was in tears as he was stretchered off for Man City vs. Tottenham with an injury. pic.twitter.com/36r0Z4OK0a
— ESPN FC (@ESPNFC) October 30, 2024
Wishing you a speedy recovery, Savinho! 🥺💔 pic.twitter.com/gYWgtniqnA
— City Xtra (@City_Xtra) October 30, 2024
-
Шпанија24 часа
Реал планира четири засилувања во 2025 година
-
Евролига21 час
Пантер дочекан со солзи во Белград (ВИДЕО)
-
Англија10 часа
Сколс има кошмар од една премиерлигашка ѕвезда: Леташе крај мене, тој ме испрати во пензија
-
Шпанија16 часа
Најмалерозниот играч на Барселона повторно се повреди (Фото)
-
Евролига10 часа
Шортс блескаше против европскиот великан Жалгирис, Париз е сензација во Евролигата (Видео)
-
Англија11 часа
Ново шокантно видео: Судијата Кут вовлекувал бела прашкаста материја за време на ЕП!
-
Репрезентација13 часа
Милевски: Овие момци се во свој филм кога играат за Македонија!
-
Свет23 часа
Начо: Му честитав на Родри за „Златната топка“, но…