Продолжува голгетерската серија на Руни: Со два гола го однесе ДиСи Јунајтед во плеј-офот (Видео)

Vejn Runi

Легендарниот напаѓач Вејн Руни продолжува со одличните партии во дресот на ДиСи Јунајтед.

Англичанецот учествуваше со два гола во победата на неговиот клуб над Њујорк Сити (1:3) со која ДиСи Јунајтед си обезбеди пласман во плеј-офот во МЛС Лигата.

Руни го отвори резултатот уште во осмата минута од средбата откако одлично реагираше на додавањето на Акоста. На 2:0 зголеми токму Акоста во 24. минута, а вториот гол на натпреварот Руни го постигна од белата точка во 74. минута.

Четири минути подоцна уште едно звучно име, Давид Виља постигна гол за Њујорк Сити, но само за ублажување на поразот.

Facebook Коментари