Поврзете се со нас

Свет

Продолжува да ги тресе мрежите во Узбекистан: Дориев постигна два атрактивни гола за Согдиана (ВИДЕО)

Објавено

на

Љупче Дориев игра во извонредна форма во дресот на Согдиана во изминатиов период, односно е во одлична гол серија која ја продолжи и денеска на дуелот со Бунјодкор.

Домаќините беа убедливи и славеа со 4-0 во средба во која македонскиот интернационалец беше автор на два погодоци. Офанзивецот го отвори резултатот во 11 минута, а потоа и го зголеми водството во 39 минута.

На последните четири средби Дориев има постигнато шест гола или севкупно досега има седум на осумте меча во првата лига на Узбекистан.

Согдинана со 14 бода е на 5. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни