Поврзете се со нас

Италија

Продолжува чистката на Мота: Јувентус му се заблагодари на уште еден недопирлив стартер на Алегри (Фото)

Објавено

на

Фото:twitter.com/juventusfc

Тиаго Мота пристигна во Јувентус со цел јасно да го подобри квалитетот на игра, но и да направи сериозен рез во тимот кој според него беше максимално неизбалансиран.

Дефанзивниот пристап кој го негуваше Макс Алегри е целосен контраст на филозофијата која ја има новиот тренер на Јувентус, па за да дојде до коренити промени, секако мораше да си заминат голем број прекубројни фудбалери.

Клубот од Торино денеска му се заблагодари на уште еден неколкугодишен член од првиот тим, односно на досегашниот прв голман на тимот, Војчех Шчесни.

Јувентус и официјално го прекина договорот кој требаше да истече наредната година, па сега Полјакот ќе може да си бара нов клуб како слободен агент.

Шчесни само ја надополнува низата на фудабалери кои ова лето беа отпуштени од Јувентус, бидејќи пред него си заминаа и Адриен Рабио, Алекс Сандро, Карлос Алкарас, Матијас Суле, Деан Хуијсен, Илинг Јуниор, Моизе Кин, Кајо Жорже, Енцо Баренечеа и Кони де Винтер. Следен на овој список треба да се придодаде и Федерико Киеза кој веќе некое време е прецртан од Мота.

Шчесни седум години го бранеше голот на Јувентус и беше почитуван од страна на сите во клубот, па Јувентус не пропушти да сподели и видео компилација од неговите најдобри потези во дресот на „старата дама“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни