Поврзете се со нас

Македонија

Продолжува борбата за титулата: Рутински победи за Вардар и Еурофарм Пелистер

Објавено

на

foto: www.facebook.com/hceurofarmpelister

Екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ја продолжуваат борбата за титулата во домашниот шампионат, трка во која забележаа нови рутински победи.

„Црвено-црните“ го решија дуелот со Бутел со резултат 30:24.  Фаворитот имаше контрола врз играта и резултатот, па сосема заслужено го запиша 9. славје во Суперлигата во кое Талески и Георгиевски дадоа по пет гола, додека Ристовски и Гогов имаа 13 одбрани.

Младеновски пак даде седум гола за домашниот состав.

Во браткото дерби во Битола, првиот тим на Пелистер беше подобар од вториот со 31:26. Поискусните беа подобри во двете полувремиња, лидер беше Костески со осум погодоци. Петровиќ пак постигна седум голови за поразените.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни