Поврзете се со нас

Балкан

Продолжи да ги тресе мрежите во Турција: Јаховиќ го матираше поранешниот клуб (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Адис Јаховиќ продолжи да ги тресе мрежите во првата лига на Турција, а најнов клуб на неговата листа е Анталијаспор, тимо за кого настапуваше до пред неколку месеци.

Гезтепе славеше со 3-2 на ова гостување, а Адис беше автор на вториот гол за неговата екипа во 66 минута кого со удар со глава ја смести топката на посакуваното место, погодок кој нашиот ас одлучи да не го прослави од почит кон составот за кого играше во блиското минато.

Инаку за поранешниот македонски репрезентативец ова беше шести гол во дресот на Гезтепе во актуелнава сезона. Со вкупно 51 бод Адис и компанија се наоѓаат на 9 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни