Поврзете се со нас

Англија

Проценка на независниот панел: Судијата бил во право што го поништил пеналот на Евертон

Објавено

на

Foto:x.com/Everton

Драматичниот момент во завршницата на дуелот меѓу Евертон и Манчестер Јунајтед бил добро исконтролиран од судиите и на крајот била донесена вистинска одлука во однос на првично досудениот пенал за домаќините.

Судијата Енди Медли досуди пенал откако Матијс Де Лихт и Хари Мегваер беа во контакт со Ешли Јанг, но ја прегледа снимката по препорака на ВАР собата и реши да го поништи пеналот.

Независниот премиерлигашки панел, во кој членуваат и поранешни играчи и тренери, гласале 5:0 за тоа дека Медли погрешил што досудил пенал, како и 4:1 за тоа дека ВАР собата правилно се вмешала за корекција на одлуката.

Генералната оценка на панелот била дека потезите на двајцата дефанзивци не биле со толку голем интензитет за да изнудат реакција каква што имал Јанг. Натпреварот потоа заврши со резултат 2:2.

Според досегашните анализи на независниот панел, сезонава се направени 12 ВАР грешки или двојно помалку од истиот период минатата сезона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни