Поврзете се со нас

Германија

Проблемите стануваат уште поголеми: Најдобриот играч на Баер го напуштил стадионот на патерици

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04_en

Фудбалската пракса во безброј пати ни покажала дека проблемите никогаш не доаѓаат сами, а таков е случајот со се уште актуелниот германски шампион, Баер Леверкузен.

По тешкиот пораз од Баерн Минхен во првото осминафинале во Лигата на шампиони, „фармацевтите“ ова попладне беа шокирани на домашен терен од Вердер Бремен, но тоа дефинитивно не е најлошата вест за Чави Алонсо.

Леверкузен пропушти шанса да ја намали предноста на Баерн кој исто така беше непријатно изненаден од Бохум на домашен терен, но поразот од 0:2 е уште поболен за Баер бидејќи за реваншот со баварците најверојатно останува без Флоријан Вирц.

Најдобриот играч на Леверкузен го напушти теренот поради остар старт кој го доби во пределот на зглобот, а сите угледни германски новинари пренесоа дека ситуацијата не изгледа воопшто добро.

Германскиот репрезентативец ја напуштил „БајАрена“ на патерици, па се поверојатно е дека нема да му стои на располагање на Алонсо за реваншот против Баерн, на кој Леверкузен ќе брка негатива од 3:0.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни