Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Проблеми за Тухел и пред клучното гостување на „Олд Трафорд“: Ќе брка победа без неколку стандардни фудбалери

Објавено

на

Екипата на Пари Сен Жермен ќе мора да победи на „Олд Трафорд“ доколку сака да ги задржи шансите за пласман во елиминационата фаза од Лигата на шампионите.

Евентуален неуспех на ПСЖ на „Театарот на соништата“, а победа на Лајпциг против Башакшехир опасно ќе го доведе клубот од главниот град на Франција до тотален амбис.

ПСЖ игра доста променливо оваа сезона, а тоа според Тухел се должи на големиот број повредени фудбалери кои ги има минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите.

И за натпреварот со Јунајтед, Тухел нема да може да смета на некои стандардни фудбалери, пред се тука се мисли на Пабло Сарабија и Мауро Икарди кои не отпатуваа со тимот во Манчестер.

Освен Сарабија и Икарди средбата со Манчестер Јунајтед ќе ја прескокнат и Хуан Бернат, Жулиан Дракслер и помалку употребуваните Кајс Руиз и Хесе Родригез.

И Оле Гунар Солскјер ќе има соодветни проблеми затоа што нема да може да смета на Лук Шо, Пол Погба, Скот Мектомини, а виси настапот и на Давид Де Хеа кој се повреди на натпреварот против Саутемптон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни