Поврзете се со нас

Англија

Проблеми за Тен Хаг: Двајца важни фудбалери се повредија во квалификациите

Објавено

на

Манчестер Јунајтед има многу проблеми со повреди во текот на актуелната сезона, а лошите вести за менаџерот Ерик тен Хаг продолжија да пристигнуваат и по вчерашните квалификациски натпревари.

Маркус Рашфорд беше заменет во 61. минута на дуелот меѓу Англија и Малта и тоа по неговиот судир со Трент Александер-Арнолд, а допрва лекарскиот тим на англиската репрезентација ќе треба да потврди каков проблем имал напаѓачот на Јунајтед.

Проблем има и првиот голман Андре Онана, скапото засилување на Јунајтед од Интер, кој вчера почувствувал болка на дуелот меѓу Камерун и Маурициус.

Камерунците остварија убедлива победа, но Онана почувствувал болка на адукторот и бил заменет во 81. минута од натпреварот.

Англиските медиуми најавуваат пауза на неколку натпревари на камерунскиот голман, секако ако биде потврден проблемот со овој вид повреда.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни