Проблеми за Темелковски пред битката за пласман: Крстевски и Арсеновски во „аут“ за дуелот со Русија

makedonija-rusija

Ракометната репрезентација на Македонија до 21 година ја очекуваат уште два натпревари на мундијалот во Алжир и тоа натпревари за пласман од 5 до 8 место.

Утрешен наш противник е селекцијата на Русија, но пред оваа пресметка со доста проблеми се соочува селекторот Илија Темелковски. Во „аут“ за мечот со „зборнаја“ се бекот Горан Крстевски и кружниот напаѓач Филип Арсеновски, додека неизвесен е и Марко Нелоски.

Крстевски има повреда на рамото, Арсеновски кој не настапи и на дуелот со Франција има повреда на зглобот на ногата, а пак Нелоски игра под инјекции.

Ако славиме утре во недела ќе играме за петтата позиција со победникот од битката меѓу Тунис и Унгарија, во случај да загубиме ќе се бориме за седмото место.

Facebook Коментари