Поврзете се со нас

Франција

Проблеми за ПСЖ: Мбапе е повреден, виси за реваншот против Сити

Објавено

на

Екипата на Пари Сен Жермен нема да може да смета на услугите на Килијан Мбапе за утрешниот меч против Ленс во Лига 1.

Ова за „светците“ е многу важен дуел во борбата за титулата, но и воедно најава, последен тест пред реваншот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Тренерот Маурисио Покетино ќе го нема на располагање Мбапе кој има проблеми со мускулот на десната нога, па останува да се види како „светците“ ќе се снајдат без брзоногиот напаѓач.

Она што е загрижувачки за ПСЖ е што Килијан останува да виси, биде неизвесен за возвратниот дуел против Сити во ЛШ, односно не се знае дали на време ќе ги надмине проблемите за да помогне на „Итихад“.

Французинот во актуелнава кампања има дадено 37 голови на 43 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни