Италија
Проблем за Пиоли: Леао нема да биде подготвен за можеби најважниот натпревар во ЛШ

Милан го очекува комплетирањето на интернационалците и фокусирање на натпреварот со Фиорентина во Серија А, но тренерот Стефано Пиоли добил лоша вест од лекарскиот тим.
Повредата која Рафаел Леао ја заработи на дуелот со Лече и натаму е проблем за Португалецот, а најновата проценка е дека тој нема да биде подготвен за дуелот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Стручниот штаб на Милан беше свесен дека Леао нема да игра против Фиорентина, но се надеваше дека ќе го добие Португалецот за веројатно одлучувачката пресметка со Борусија на домашен терен.
Натпреварот е закажан за 28. ноември, а „росонерите“ мора да размислуваат за победа, бидејќи сите четири екипи се со шанси за пласман во нокаут фазата.
Милан претходно ја пречекува Фиорентина, а на оваа средба покрај Леао, ќе го нема и Оливие Жиру, кој заработи суспензија по црвениот картон против Лече.
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Светпред 11 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 23 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Германијапред 24 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
АТПпред 24 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…