Поврзете се со нас

Англија

Проблеми за Мурињо, Кејн го пропуштил денешниот тренинг

Објавено

на

Тотенхем се подготвува за дербито со најголемиот градски ривал Арсенал, но менаџерот Жозе Мурињо има сериозен проблем во пресрет на средбата.

Најголемата ѕвезда Хари Кејн се пожалил на повреда и сега е неизвесен за настап на дуелот во недела, отсуство за кое Португалецот нема вистинска солуција.

Кејн е клучен играч за Тотенхем сезонава, откако покрај головите додаде и многу важни асистенции, па лондонскиот состав е меѓу водечките екипи во Премиер лигата.

Речиси сигурно е дека Кејн нема да игр против ЛАСК на утрешната средба од Лига Европа, а Мурињо ќе се надева дека лекарите можат да го оспособат за недела попладне.

– Нема да ви откријам за каква повреда се работи, но ќе кажам дека имам чувство оти ќе може да игра против Арсенал, – изјавил Мурињо во свој стил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни