Поврзете се со нас

Италија

Проблеми за легендата на Палермо: Казната е потврдена, Миколи ќе заглави во затвор

Објавено

на

Поранешниот италијански репрезентативец и легенда на Палермо, Фабрицио Миколи доби лоши вести и наредниот период ќе мора да го мине во затвор откако со плод не вродија жалбите кои тој ги достави до повисоките судски власти во државата.

Имено ќе мора да отслужи затворска казна од три години и шест месеци поради изнуда на пари на мафијашки начин. Според медиумите во Италија жалбата на Миколи е отфрлена и од страна на Врховниот суд што го става во позиција да го „одработи“ тоа за што беше осуден.

Некогашниот член на Јувентус, Фиорентина, Бенфика, Лече и Палермо беше прогласен за виновен затоа што му помогнал на пријател да врати долг од 12.000 евра, контактирајќи со Мауро Лауричела кој пак е син на мафијашкиот бос Антонино Калдероне.

Фабрицио се повлече од фудбалот во 2015 година по 259 одиграни мечеви и 103 голови во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни