Поврзете се со нас

Италија

Проблеми за Јувентус: Повредениот Роналдо ќе го пропушти дербито против Аталанта

Објавено

на

Екипата на Јувентус утре (15 часот) игра важен меч против Аталанта во Серија, меч на кој актуелниот италијански шампион нема да може да смета на својот најдобар играч Кристијано Роналдо.

Португалецот е повреден и во „старата дама“ не сакаат да ризикуваат со него со надеж дека тој ќе биде подготвен веќе наредната седмица за пресметката против Парма.

-Имаме важно отсуство од тимот. Кристијано Роналдо нема да настапи поради проблеми со мускулот. Би било премногу ризично за нас да го донесеме во Бергамо. Се надеваме дека ќе закрепне до среда, -истакна тренерот Андреа Пирло кој воедно откри дека Пауло Дибала ќе биде стартер против Аталанта.

Јувентус во моментов е на третото место со 62 бода и до крајот го очекува борба за Топ 4, односно пласман во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни