Поврзете се со нас

Англија

Проблеми за Јунајтед: Авионскиот лет откажан, екипата по алтернативен пат до Њукасл

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/manchesterunited

Манчестер Јунајтед вечерва има тешко гостување кај Њукасл во Премиер лигата, а ситуацијата за „црвените ѓаволи“ дополнително се искомплицирала поради лошите временски услови на островот.

Медиумите објавија дека екипата утринава требало да отпатува со авионски лет до Њукасл, но одговорните го откажале летот и го принудиле клубот да се одлучи за единствената достапна алтернатива.

Ерик тен Хег и неговите фудбалери сега ќе мора да се соочат со тричасовно патување со клупскиот автобус, што сигурно не е посакувано сценарио во пресрет на соочувањето со незгодниот противник на „Ст. Џејмс Парк“.

Натпреварот започнува од 21 часот, а временската прогноза најавува и температура под нулата во Њукасл.

Јунајтед е во добра серија во домашното првенство, но на ова гостување оди по разочарувачкото реми со Галатасарај во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни