Проблеми за Ѓоковиќ, го повреди лактот кој го оддалечи од терените шест месеци и порача: Имам болки…

djoka-sinsi

Светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на тенискиот турнир во Синсинати откако со 2:0 го победи францускиот тенисер Лука Пуј.

Сепак, сите во тимот на Новак Ѓоковиќ останаа загрижени поради повредата која тенисерот ја доби на лактот. Во еден момент тој повика и медицински тајм-аут, а по натпреварот истакна дека се уште чувствува болки.

За потсетување, поради оваа повреда, српскиот тенисер мораше да одмара околу шест месеци.

– Не знам што е конкретно, ќе видиме, се надевам дека ќе биде добро. Бев вкочанет, малку затегнат, посебно на сервис, но успеав да го завршам мечот, што е одлично, но болката е тука. Се надевам дека до утре ќе исчезне, -порача Ѓоковиќ.

Facebook Коментари