Поврзете се со нас

Шпанија

Проблеми за Барселона по вчерашните тренинзи, се повреди Лео Меси и речиси сигурно ќе отсуствува за…

Објавено

на

Барселона секојдневно со напорни тренинзи се подготвува за враќањето на сезоната во Ла Лига кое е закажано за 11 јуни.

„Каталонците“ својот прв натпревар ќе го играат на 13 јуни против Мајорка, а на него многу е веројатно дека ќе бидат без својот најдобар фудбалер, Лионел Меси.

Имено, Аргентинецот се повредил на последниот тренинг на кој почувствувал силна болка во десната нога и веднаш бил подлежен на прегледи и терапија.

По прегледите бил донесен заклучок дека ова не е наивна повреда која може да се санира за неколку денови, па постои голема веројатност тој да го пропушти првиот натпревар на „каталонците“ по рестартирањето на сезоната.

Веќе на 16. јуни Барселона ќе биде домаќин на Легањес и се верува дека Меси за овој натпревар веројатно ќе биде подготвен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни