Поврзете се со нас

Свет

Проблеми за Аргентина: Меси се повредил на мечот со Чиле

Објавено

на

foto: x.com/Argentina

Аргентина оствари минимална победа над Чиле од 1-0, победа доволна за пласман во нокаут фазата на Копа Америка.

„Џокерот“ Мартинез ја однесе Аргентина во четвртфиналето на Копа Америка (ВИДЕО)

Лаутаро Мартинез беше стрелец на единствениот погодок за „гаучосите“ во 88 минута, па сега мирно ќе го дочекаат третиот меч во групата против Перу закажан за 30 јуни.

Како што стојат работите на тој меч нема да настапи Лионел Меси кој откри дека се соочил со одреден проблем против Чиле, проблем со мускулот.

-На почетокот на натпреварот почувствував непријатност во десниот мускул. Беше стегнат. Не беше толку опуштен како што требаше да биде. Но, успеав да го завршам мечот. Ќе видиме како ќе биде,  -порача Меси.

Селекторот Скалони веќе најави промени во составот за третиот натпревар во групата.

-Против Перу ќе играат момците кои не добија минутажа на овие натпревар, -рече Скалони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни