Поврзете се со нас

Шпанија

Проблеми за Анчелоти: Една третина од тимот на Реал е повреден

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Репрезентативната пауза често знае да донесе големи главоболки за клуските тренери, а ова непишано правило уште еднаш се покажа на дело со Карло Анчелоти и Реал Мадрид.

Во период од само неколку дена, Италијанецот доби лоши вести за Чуамени, Менди и Милитао, но новите три повреди значат дека една третина од тимот на Реал е во аут и не може да му стои на располагање на Анчелоти за првите натпревари кои следат по репрезентативните обврски.

Пред повредите на Чуамени, Менди и Милитао, потешка повреда заработи Дани Себалјос на натпреварот против Бетис изминатиот викенд, а од претходно во аут се Џуд Белингам, Едуардо КАмавинга и Давид Алаба кој е недостапен од минатата сезона.

Ова значи дека од вкупно 22 играчи во првиот тим, дури седум се недостапни за Анчелоти во овој момент, што само ги потврди грижите кои тој ги имаше уште пред стартот на репрезентативната пауза.

– Паузата поради репрезентации не доаѓа добро за никој, никогаш не е добро да останете без своите играчи. Посебно е тешко за оние кои одат во Јужна Америка, треба да патуваат, а потоа немаат доволно време за одмор. Имам само една желба, сите мои играчи да се вратат здрави. Најголема опасност е да се вратат повредени, за останатото, играчите веќе се навикнати на овој пеколен ритам, – изјави Анчелоти изминатиов викенд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни