Поврзете се со нас

Свет

Проблеми во Рио: Фановите на Бока и Флуминенсе предизвикале инцидент на Копакабана (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FluminenseFC

Утрешното финале на Копа Либертадорес во Рио де Жанеиро донесе и сериозна загриженост поради соочувањето на фановите на Бока Јуниорс и Флуминенсе, откако се најавени околу 100.000 гости од Аргентина за фудбалскиот викенд на бразилска територија.

Полицијата потврди дека веќе се случил и првиот поголем инцидент и тоа на познатата плажа Копакабана, каде дошло до физичка пресметка меѓу двете ривалски групи.

Ситуацијата била смирена по одредено време, уапсени се три лица, а Јужноамериканската конфедерација и домаќинот бараат смирување на тензиите и концентрирање на убавата страна која ја носи едно вакво престижно финале.

Аргентинските власти веќе ги предупредија фановите на Бока дека евентуалните расистички испади можат да им донесат затворски казни во Бразил, а дополнителен проблем за полицијата е што овој викенд во Рио е закажан и концерт на популарниот рок бенд Ред Хот Чили Пеперс.

Финалето меѓу Бока и Флуминенсе се игра утре од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни