Проблем за Звезда: Антиќ принудно ја „скока“ Уникаха

pero

Екипата на Црвена Звезда во понеделникот го доби големиот ривал Партизан во АБА лигата, меч на кој сериозен придонес во триумфот даде нашиот Перо Антиќ.

Ова за Перо беше прв натпревар по кратката пауза, но сега одново ќе мора да оди на одмор и ќе го пропушти гостувањето на „црвено-белите“ кај Уникаха во Малага. Поранешниот македонски репрезентативец ќе ја скокне оваа средба од Евролигата зошто се уште ја влече повредата на листот уште од времето кога го носеше дресот на Фенербахче, поточно ќе остане во Белград за да работи по специјална тренинг програма и терапија.

Тоа е секако голем проблем за Звезда, а тоа се виде на дуелиот против Брозе Бамберг на кој Антиќ не настапи, односно српскиот шампион доживеа пораз пред своите гледачи.

Facebook Коментари