Поврзете се со нас

Македонија

Проблем за Вардар: Португалското засилување заврши „под нож“, следи пауза од терените!

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkvardar

Екипата на Вардар 1961 има цел и амбиција да има далеку подобра натпреварувачка 2024/2025, сезона во која клубот освен на домашната ќе биде активен и на меѓународната сцена во Лига Европа.

Меѓутоа веќе на самиот старт клубот се соочува со проблем, па така во наредниов период нема да може да смета на услугите на новото засилување, Мигуел Пинто.

Португалецот имал проблем со менискусот на десното колено и морал да заврши под нож за да се надмине проблемот. Клубот информираше дека операцијата минала во најдобар рок и сега ќе започне процесот на закрепнување.

Тој ќе биде во аут во наредните 8 до 10 седмици што значи Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски ќе треба да ја покријат соодветна таа десна крилна позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни