Поврзете се со нас

Европски првенства

Проблем за Полска: Милик ќе го пропушти ЕП поради повреда (Видео)

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/LaczyNasPilka

Полската фудбалска репрезентација остана без еден од најквалитетните и најискусните фудбалери во пресрет на почетокот на Европското првенство во Германија.

Аркадиуш Милик бил стартер на пријателскиот натпревар против Украина, на кој заработил повреда на коленото, по што му биле направени и детални прегледи кои го потврдиле лошото сценарио.

Милик се повреди блокирајќи го Руслан Малиновски по само две минути од почетокот на средбата и веднаш бил заменет, а Полската фудбалска федерација потврди дека ќе го пропушти Европското првенство.

Малерозниот напаѓач на Јувентус ќе биде многу разочаран поради ваквото сценарио затоа што го пропушти и претходното ЕП исто така поради повреда.

Полска го започнува својот настап на 16. јуни против Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни