Проблем за Палермо: Несторовски на принудна пауза до крајот на годината

nestor-slavi

Палермо претстојниот викенд треба да го одигра дерби натпреварот против Бари, а во нападот нема да смета на својот најдобар стрелец, Илија Несторовски.

Македонскиот репрезентативец заработил повреда на мускул на ногата и според првичните информации, тешко дека ќе може да се врати на терените оваа 2017 година. Македонецот кој имаше фантастична полусезона, повредата ја заработил непосредно пред последниот дуел против Венеција, а тренерот Тедино затоа реши да го остави на клупата и да не ризикува.

Денешните прегледи покажале дека Несторовски има проблем поради кој мора да паузира, а медиумите пренесуваат дека во најлош случај, тој ќе може повторно го предводи нападот на Палермо по кратката зимска пауза.

Палермо и Бари се на делба на првото место заедно со Парма, па затоа нивниот меѓусебен дуел е многу значајно за продолжението од сезоната во Серија Б.

Facebook Коментари