Поврзете се со нас

Италија

Проблем за Јувентус, еден играч одбива да се врати во Торино затоа што му ја скратиле платата

Објавено

на

Речиси сите фудбалери на Јувентус се вратија во Торино, а дел од нив веќе ги започнаа и индивидуалните тренинзи во тренинг центарот на клубот.

Сепак, има и такви кои не се вратија и ги прекршија правилата на клубот. Францускиот интернационалец Адриен Рабио останал во својата земја и не се вратил во Италија затоа што бил разочаран што клубот му скратил од неговата плата.

Јувентус скратил седум милиони фунти од платата на играчот која изнесува 28 милиони фунти и токму затоа тој одбил да се врати во клубот.

Ваквиот потег Рабио го донел во консулатција со неговата мајка која го претставува играчот како негов агент.

„Ла Стампа“ јавува дека Рабио не ни планира да се врати во Италија, а овој негов потег дефинитивно би требало да значи крај за него во дресот на Јувентус.

25 годишниот фудбалер стигна во клубот минатата сезона, но не успеа да се наметне кај Маурисио Сари и годинава има само 11 стартови за тимот на Јувентус.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни