Германија
Проблем за Борусија, но и за заинтересираните тимови: Халанд повторно на пауза

Еден од најдобрите светски фудбалери во моментов, Ерлинг Халанд ги загрижи челниците на Борусија Дортмунд, а сигурно ќе ги натера и заинтересираните тимови подобро да размислат за неговиот ангажман, откако повторно се повреди на натпреварот со Хофенхајм.
Норвежанецот постигна гол на средбата со Хофенхајм уште во 6. минута, но мораше да го напушти теренот во 63. минута поради проблеми со повреда.
Стратегот на „милионерите“, Марк Розе потврди дека станува збор за нова повреда на младиот напаѓач кој се почесто е надвор од терените поради здравствени проблеми.
– Имаше проблеми со адукторот. Мора да почекаме и да видиме. Сега не можам ништо да кажам, прво мора да оди на дополнителни прегледи, -изјави Марко Розе.
Халанд оваа сезона има проблем со повредите, а според многумина тоа е резултат на пеколното темпо на играчот кој уште е млад а игра редовно во сите натпреварувања.
Она што е добро за Борусија е тоа што сега следи пауза во Бундеслигата која ќе продолжи дури на 6. февруари, а „милионерите“ тогаш ќе се сретнат со Баер Леверкузен.
Зачестените повреди на Халанд сигурно ќе ги подзамислат и заинтересираните тимови за играчот кој со своите партии го привлече вниманието на најголемите светски клубови кои сигурно ќе се „тепаат“ за неговиот потпис следното лето.
-
Шпанијапред 21 час
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 20 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 21 час
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 17 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 14 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
НБАпред 20 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 10 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја