Поврзете се со нас

Европски купови

Признанија за македонските ракометари: Маџовски и Трајковски во Топ 5 изборот во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Еурофарм Пелистер го скрши мразот и ја забележа првата победа во Лигата на Европа и тоа во пресметката против Тримо Требње која ја реализираше со 33-26.

Ова секако за битолчани е одлична вест, охрабрување пред новите предизвици во ова натпреварувања, а победата да биде целосна се погрижија луѓето од медиа тимот на ЕХФ кои двајца ракометари на Пелистер ставија во Топ 5 изборот на најдобрите на колото.

Крилото Бојан Маџовски го има третиот најдобар гол на рундата, додека пак голманот Благојче Трајкоски е во Топ 5 одбраните, поточно ја зазема третата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни